33.8 C
Скопје
28. јуни 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Црна Гора доби меѓународен код за јазикот

Црна Гора го доби меѓународниот код за црногорски јазик во рамките на меѓународниот стандард ISO 639.

Оваа информација беше објавена од директорот на Националната библиотека на Црна Гора „Ѓурѓе Црнојевиќ“ од Цетиње, Богиќ Ракочевиќ, кој наведе дека кодот за црногорскиот јазик ќе биде CNR.

Одлуката била донесена од Обединетиот советодавен комитет за јазична кодификација, со седиште во Конгресната библиотека во Вашингтон.

Комитетот од Вашингтон не само што го призна постоењето на црногорски јазик туку и потврди дека истиот не е варијанта на српскиот, како што до неодамна се сметаше. Значи, тој има лингвистичка препознатливост, истакна Ракочевиќ.

Ознаката за црногорскиот јазик ќе биде CNR, називот на англиски „montenegrian“, на француски „montenegrin“, а во оригинал „црногорски јазик“ на латиница и кирилица.