23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Тела на Монт Еверест: Страшни фотографии од мртви кои ја „красат“ проколнатата планина!

Луѓето кои се упатуваат на Монт Еверест се свесни дека се изложуваат на голем ризик и дека во кризни ситуации најчесто можат да се потрпат само на себе. Многу тела денес почиваат на патот кон највисокиот врв на светот.

1. Џорџ Малори (причина за смртта: пад/удар во глава)

Џорџ бил еден од првите кои се обиделе да се качат на Еверест. Исчезнал 1924 година, но телото му е пронајдено и идентификувано дури 1999 година. Се уште не е утврдено дали дошол до врвот на планината.

2. Непозната личност

Ова тело толку долго било на планината што речиси е мумифицирано.

3. Непозната личност

Неколку тела се пронајдени во близина на опасна карпа. За жал, ниту едно од нив не е идентификувано.

4. Францис Астентијев (причина за смртта: изложеност на студ)

Францаис 1998 година се качувала на планината заедно со својот сопруг, а потоа се разделиле. Се обиделе да се пронајдат, но не им успеало. Двајца други планинари ја нашле Францис додека се уште била жива. Таа молела да не ја оставаат, но тие не можеле да се задржуваат. И Францис и нејзиниот маж починале во снегот.

Кога слушнале за нејзината смрт, планинарите кои не и помогнале поради грижа на совеста се вратиле на Еверест. Девет години подоцна во 2007 повторно ја нашле и ја завиле во американско знаме.

5. Ханелор Шмац (причина за смртта: изложеност на студ)

Ханелор е планинарка од Германија која умрела качувајќи се на Еверест 1979 година. Таа била првата жена која умрела на оваа планина. Се претпоставува дека застанала да одмори.

6. Цеванг Палдџор (причина за смртта: изложеност на студ)

Цеванг умрел во бура 1996 година, кога животот го изгубиле осум лица. Додека слегувал од врвот, го совладала бура, па умрел од студ.

7. Марко Лихтенекер (причина за смртта: изложеност на студ)

Овој Словенец починал додека слегувал од планина 2005 година.

8. Дејвид Шарп (причина за смртта: изложеност на студ)

Дејвид бил планинар од Британија кој застанал да се одмори. Замрзнал на местото на кое запрел.

9. Шрија Шах-Клорфајн (причина за смртта: исцрпеност)

Шрија успеала да се качи на врвот 2012 година. Според приказните, на врвот поминала 25 минути славејќи го својот успех, а потоа почнала да се спушта назад. На крај останала без кислород и умрела од исцрпеност. Телото и се наоѓа 300 метри под врвот, завиено во канадското знаме.

Фото: Имгур

Спонзорирано: