10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Средба Заев – Харадинај: „Диво Насеље“ нема да ги наруши односите меѓу Скопје и Приштина

Премиерите на Македонија и Косово, Зоран Заев и Рамуш Харадинај се согласиле дека е потребна меѓународна истрага во врска со настаните во Диво Насеље. По средбата со косовскиот премиер, Заев изјави дека граѓаните на двете земји заслужуваат да ја знаат целата вистина. До неа ќе се дојде преку меѓународна истрага или преку независен меѓународен претставник.

Според премиерите на двете земји, случајот „Диво Насеље“ е чувствително прашање што не треба да предизвика проблеми во билатералните релации.

„На тоа прашање гледаме како на можност која не смее да биде пречка за унапредување на односите меѓу двете земји“, изјави Заев на заедничката прес-конференија со Харадинај.

На прашањето дали Македонија ќе го поддржи членството на Косово во УНЕСКО, Заев вели дека Македонија го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија, и истакна дека Косово треба да смета на поддршката на Македонија во сите процеси.

„Истовремено треба да се има предвид дека Република Србија е наш сосед, така што важно е добрососедството со сите земји. Ние се надеваме дека прашањето ќе се реши билатерално, а ние ќе бидеме овде за да го поддржиме решавањето на такви прашања“, истакна Заев.

Во пресрет на првата официјална посета на премиерот Зоран Заев на Косово до него е испратено отворено писмо од страна на семејствата на обвинетите за тероризам во случајот „Диво Насеље“. Тие му пишуваат на премиерот во надеж дека заедно со политичките лидери на Косово, меѓународниот фактор и правните органи ќе успеат да ги расветлат сите мистерии кои се поврзани со крвавата битка која одзеде 8 животи на македонски полицајци, како и на 10 припадници на вооружената група обвинета за тероризам.

Спонзорирано: