Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаТОП ВЕСТИ

Синоптичарите излегоа со прогноза – еве какво време не’ очекува

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови до умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 6 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Највисоката температура ќе достигне до 6 степени.

Под влијание на јужно струење, во наредните денови температурите ќе бидат релативно високи. Денеска по одделни котлини ќе има појава на магла. Утре облачноста ќе се зголеми, по котлините ќе биде магливо, а врнежи од дожд ќе има во вечерните и ноќните часови кон четврток во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Потоа нов влажен бран се очекува за време на викендот.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Регионалниот фонд за предизвици додели 2,72 милиони за шест македонски проекти за унапредување на стручното образование

Шест најуспешни проекти од Северна Македонија се предложени за финансирање во вториот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), со што се издвојуваат приближно 2,27 милиони евра за инвестиции во… Повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе