17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Раздвижено во зградата на Владата – еве што се случува

Владата на Република Македониј, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи својата 42-ра редовна владина седница.

Како предлог на Заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, на денешната седница министрите ќе ја разгледаат информацијата за потреба од донесување на мерки на индустриската политика за поттикнување на инвестициите и конкурентноста на економијата.

Согласно предложениот Дневен ред, на денешната седница ќе се разгледува и информацијата за акцискиот план за проектот „Бесплатна вакцинација за грип за пензионери со просечна пензија и пензија пониска од просечната и за лица над 60 годишна возраст кои не се приматели на пензија.
На предлог на Министерството за надворешни работи министрите ќе ја разгледаат и информацијата за учеството на македонската делегација на Самитот на претседатели на Влади од Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).

Спонзорирано: