33.8 C
Скопје
28. јуни 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Раздвижено во белиот дворец на ВМРО ДПМНЕ – еве кој му беше на гости на Никола Груевски пред неговото заминување од функцијата

Над 150 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ се предмет на судска, полициска и политичка хајка зад која се кријат политички мотиви, рекол претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на средбата со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, посочи дека власта спроведува политички прогон и реваншизам врз сите оние што мислат поинаку. Доказ за тоа се и приведените за настаните од 27 април, кои се предмет на хајка и монструозно обвинение. Во притвор се наоѓаат невини луѓе, и тоа во исто време кога се носи амнестија за над 1.000 затвореници и се ослободуваат убијците на децата на Смилковското Езеро. Меѓу другото, се апсат пратеници и се определува притвор со цел да се оневоможи нивно физичко присуство во парламентот. Република Македонија е држава каде што власта уапси 12 отсто од пратеничката група на водечката опозициска партија или 5 отсто од вкупниот пратенички состав“, посочил Груевски, соопштија од партијата.

Истовремено, додал Груевски, политичкиот прогон се случува и во поширока смисла, a СДС преку СЈО креира непостојни обвиненија.

„Во една ваква атмосфера на страв, закани и уцени невозможно е земјата да се посвети на вистинсите стратешки интереси, како што е членството во НАТО“, рекол Груевски.

Тој додал дека за Република Македонија мора и треба да останат приоритет членството во ЕУ и НАТО и враќање на реформскиот процес што ќе значи унапредување на стандардите во многу сфери од општествениот и политичкиот живот.