12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Падна уште една оставка – еве кој си заминува од својата функција

И Субхи Јакупи поднесе оставка во Државната изборна комисија по притисокот во јавноста поради бонусите коишто членовите си ги поделиле за изборите во земјава. Јакупи вели дека оставката ја поднел од морални причини. Најавува дека парите ќе ги врати во буџетот затоа што се на граѓаните.

Тој е член на ДИК од 2006 година, а во Комисијата влезе по предлог на ДУИ. Јакупи е четвртиот член на ДИК кој поднесе оставка. Вчера тоа го сторија претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и членовите Виолета Дума и Игор Милев.

На првата собраниска седница ќе бидат констатирани оставките на претседателот Чичаковски и на Милев и Дума, членови на ДИК предложени од СДСМ, а потоа се очекува да почне изборот на нови членови. Изборниот законик предвидува во рок од три дена откако политичките партии ќе добијат известување од претседателот на Собранието, да достават предлози за нови членови на Изборната комисија. Ако политичката партија не достави предлог во предвидениот рок, тогаш членовите на ДИК ги предлага собраниската Комисија за избори и именувања.

Мандатот на членовите на ДИК е пет години.

Ваквиот расплет доаѓа по изјавата на американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, кој неодамна обелодени дека членовите на ДИК едногласно си изгласале и поделиле бонус од девет плати. Според Бејли, членовите на ДИК едногласно изгласале бонус од девет плати во текот на оваа и минатата година и си ги поделиле.

Спонзорирано: