7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нимиц: Не постои магичен предлог, но спорот може да се реши следната година

Прашањето за името може и треба да биде решено следната година, изјави медијаторот, Метју Нимиц по двочасовен разговор со претставниците на Скопје и Атина, пишуваат грчките медиуми.

Нимиц ја оцени климата за решение на спорот за името како позитивна и истакна дека и двете страни имаат желба и волја прашањето да биде затворено.

Медијаторот најави дека работи на распоред за средби што ќе се одвиваат во следните три месеци, со цел да биде постигнат видлив напредок.

„Ние сакаме прашањето да се реши следната година и ќе направиме напори да го постигнеме тоа. На ова прашање работиме веќе 20 години. Се разбира постојат тешки прашања и за двете страни и по толку многу години, не мислам дека постои магичен предлог за името. Неопходно е да се пронајде решение со помош на политичка волја и дипломатија“, рече Нимиц и потврди дека денеска не дал нов предлог за името.

Спонзорирано: