17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Невремето ја зеде првата жртва

Снежното невреме во Горски Котор однесе еден живот кога силен ветер го урна покривот на куќа во местото Бело Село кај Фужина, каде што се наоѓал 33-годишен маж, кој од падот на покривот починал на самото место. Како што пренесуваат хрватските медиуми, тој се обидувал да ги поправи оштетените делови на куќата од ветрот.

Полицијата ги предупреди граѓаните што помалку да излегуваат од своите домови и да не поправаат ништо додека не се смири ветрот, што се очекува да се случи дури утре попладне, пренесува ХРТ.

Поради урнатите стебла на сообраќајниците, затворени се некои патишта, а автопатот Риека-Загреб меѓу Киковица и Делница отворен е само за патнички возила, така што другите возат преку стариот пат низ Горски Котор.

Спонзорирано: