13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Невреме над Балканот: Премиерот принуден да го откаже летот за Париз

Словенечкиот премиер, Миро Церар, бил принуден да го откаже патувањето во Париз, каде што денеска се одржува состанок за климатските промени, поради силните ветришта кои дуваат во Љубљана.

Од кабинетот на Церар најавија дека наместо во Париз, тој попладнето ќе го мине во следење на ситуацијата на теренот.

Претседателот на словенечката цивилна заштита, Среќко Шестан, по итниот состанок изјави дека ситуацијата во врска со бурата и поплавите не е критична, но дека ситуацијата ќе се влошува со промена на временските услови во погодените области. Поради тоа, покрај материјална помош, во погодените реони ќе биде испратена и помош во луѓе.

Поради силни ветрови и проблеми во електричната мрежа, во Словенија без електрична енергија за повеќе од 20.000 потрошувачи. Метеоролозите не исклучуваат влошување на ситуацијата и посериозни поплави во наредните денови бидејќи веќе за во попладневните часови се најавени нови обилни врнежи.

Бурата која го погоди овој реон на Балканскиот Полуостров создаде и сообраќајни проблеми низ Хрватска, а силните ветрови корнеа дрвја и покриви во БиХ.

Спонзорирано: