21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Неработни денови во 2018: Првиот ден во новата година се паѓа во понеделник, Божиќ во недела, Рамазан Бајрам во петок – ова се сите празници за следната година

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2018 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ
• 01 јануари (понеделник), Нова Година
• 07 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно
08 јануари (понеделник) е неработен ден•

09 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
• 01 мај (вторник), Ден на трудот,
• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 02 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста
• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед
• 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик
• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)
• 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед
• 02 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
• 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 08 април (недела), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Спонзорирано: