Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Мозаик

Му платила оброк на непознат човек, а кога се вратила дома ја дочекало вистинско изненадување!

Додека нарачувала доручек во „drive in“ ресторан во Тенеси, Енџел Брукс одлучила да му плати оброк на лицето кое било зад неа во редот.

Откако почувствувала благодарност за се` што другите направиле за неа, Енџел му рекла на благајникот: „Наплатете ми го оброкот за човекот зад мене“, пишува Mad World News.

Случајно зад неа бил Коди Јатес, полицаец во градот во кој Енџел живее со семејството.

Допрен од великодушниот гест, полицаецот одлучил да открие која е жената која му платила доручек. Полицаецот дознал дека сопругот на Енџел, Џеф Брукс се бори со смртоносен рак на панкреасот, како и дека нивната ќерка Меаган има церебрална парализа. Полицаецот не можел да верува дека некој со толкав товар им помага на странци наместо да бара помош од други. Одлучил да се одолжи.

Јатес им раскажал на своите колеги што Енџел направила и покрај катастрофалните животни услови. Ги прашал дали сакаат да учествуваат во донација како би и помогнале. Во само еден час полицајците собрале 520 долари. Јатес дури отишол и во неколку цркви за да собере донации.

Семејството кое не очекувало ништо за возврат, било толку трогнато од гестот, што сите заплакале.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе