Маскиран разбојник ограбил аптека на булеварот Партизански одреди во Скопје. Како што информираат од МВР, грабежот бил пријавен вчера околу 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје.
Крадецот со закана со физичка сила одзел 3.000 евра од дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.