Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.М. (19) од Крива Паланка поради „тешка кражба“. Тој на 4 декември околу 12.30 часот во црквата ,,Свети Никола” во селото Градец, заедно со тројца малолетници на возраст од 15 и 14 години, насилно влегле во црквата и од иконите одзеле 200 денари.