3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Го стигна казната – фрлаше отпушоци низ прозор, сега ќе чисти улици

Судот во Сингапур казни еден пушач со 19.800 сингапурски долари (12.800 евра) поради фрлање отпушоци од цигари низ прозор од станот, јави Националната агенција за животна средина.

Според пишувањата на електронските медиуми, мажот (38) за четири дена низ прозор фрлил 34 пикавци.

На несовесниот граѓанин исто така му била изречена казна друштвено корисна работа во вид на петчасовно чистење на улиците.

Во Сингапур на сила се мнгоу строги закони со кои се регулира чистотата на јавните простори.

Спонзорирано: