20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Фото) Тага до небо: 30 кучиња починале во загреано комбе, сопственикот се соочува со затворска казна од 90 години

Околу 30 кучиња починале во трагичен инцидент на Филипините, од мозочен удар, додека биле транспортирани во затворено комбе и на висока температура. На сопственикот му се заканува затворска казна од 90 години и парична казна од 149.000 долари, велат локалните власти.

Филипински сопственик на кучиња натоварил околу 40 кучиња во кафези во возило со недостаток на вентилација за да ги пренесе во градот Марикина, недалеку од главниот град Филипини, Манила. Кога пристигнало возилото на местото, кучињата биле пронајдени во несвест, и покрај обидите да ги спасат, вкупно 30 животни починале од мозочен удар и задушување.

Во јавност се појавија видео – снимки на кои се гледаат безживотни кучиња како лежат во кафези и на подот и спасувачи кои се обидуваат да ги повратат во живот. Неколку од кучињата имале среќа да преживеат.

Спонзорирано: