На 11.12.2017 година околу 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, В.Ѓ. пријавила дека во аптека на бул. „Партизански одреди“ непознат маскиран сторител извршил разбојништво.
Сторителот со закана со физичка сила одзел 3.000 евра од дневниот промет и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.