Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

„Амнести“: ЕУ соучесник во малтретирање мигранти во Либија

Земјите членки на ЕУ се соучеснички во малтретирање мигранти во Либија, се наведува во најновиот извештај за заштита на човековите права на „Амнести интернешнал“. Организацијата ја обвинува ЕУ дека ги затвора очите пред бруталните тактики на либиската крајбрежна стража и опасните притворски објекти. Оваа група за заштита на човековите права со седиште во Лондон наведува дека либиската крајбрежна стража прима мито од криумчари за да ги пушти чамците со мигранти да испловат кон Европа.

Амнести тврди дека поседува снимки и други документирани докази дека бродот кој Италија ѝ го донираше на либиската крајбрежна стража бил уништен во операција на пресретнување во која се удавиле повеќе од 50 луѓе.

„Европските влади не само што во целост се информирани за овие злоупотреби туку активно ги поддржуваат либиските власти во спречувањето на преминот преку море и задржувањето луѓе во Либија. Тие се соучесници во тие злосторства“, изјави директорот на „Амнести“ за Европа, Џон Далхуисен.

На удар на приливот на над еден милион мигранти во 2015 година, ЕУ со Либија и нејзините соседи работеа на пресекување на главната мигрантска рута од Африка кон Европа, а нејзината стратегија вклучуваше обука и опрема на либиската крајбрежна стража за да ги спречи чамците кои се обидуваат да испловат на опасен пат преку Медитеранот.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе