13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

AХВ: Од Македонија повлечен производот за доенчиња од „Лакталис“

Од македонскиот пазар превентивно е повлечен производот детска храна за доeнчиња – Целија Експерт 2, со сериски број 17Ц0012838 од компанијата увозник на производите од француски „Лакталис”, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Наведената серија на повлечениот производ е здравствено и микробиолошки исправна и во склад со законските регулативи на земјата производител и земјата увозник, се вели во известувањето на компанијата увозник пратено до Агенцијата.

Со направените испитувања потврдена е микробиолошката исправност на сите серии од производот „Целија“ кои се пласирани на пазарот во Република Македонија. Повлекувањето на производот, како што се вели во известувањето, направено исклучиво заради претпазливост и со цел намалување на паниката и заштита на потрошувачите по издаденото известување од Министерството за здравство на Франција, Агенцијата за заштита на потрошувачите надлежно за францускиот пазар и препораките на компанијата „Лакталис”.

Спонзорирано: