Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ахмети се сретна со Палмер и Бејли

Претседателот на Демократската унија за интеграција во Амбасадата на САД во Скопје оствари работна средба со директорот на Канцеларијата за јужна и централна Европа на Стејт департментот, Метју Палмер, како и со американскиот амбасадор, Џес Бејли.

Ахмети и Палмер разговарале за политичките случувања во земјата и во регионот, системските реформи, владеењето на правото, односите со соседите, како и интеграцијата во НАТО и Европската Унија.

Ахмети ги запознал Палмер и амбасадорот Бејли за фокусот на ДУИ во системските реформи, владеењето на правото, заокружувањето на Охридскиот договор, како и непосредната интеграција во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во Европската Унија.

Ахмети повторил дека членството во НАТО е апсолутен приоритет и ДУИ прави сè за да се постигне оваа цел на земјата.

Членството во НАТО ги заокружува сите стратешки дилеми на Македонија, влијае во меѓуетничките односи, но и на стабилноста во регионот, затоа работиме напорно во овој правец, истакнал Ахмети на средбата.

Соговорниците разговарале и за јазичната еднаквост и за ситуацијата во регионот.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе