Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Гостивар – Градец, во Дебреше, помеѓу автомобил и трактор.
Според информациите на полицијата, во несреќата учествувале автомобил „фолксфаген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управуванo од И.З.(35) од гостиварски Добридол и трактор „ИМТ“ со приколка, што го управувал И.Р.(56) од село Боговиње, тетовско.
Во несреќата, И.Р. се здобил со тешки, а И.З. со телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар./Makfax