Шеесет и двегодишен жител на скопското село Долно Соње, вчера управувајќи трактор кој влечел приклучно возило – цистерна, излегол од коловозот и се превртел.
Од здобиените повреди И.Т. починал на местото на несреќата. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството./Makfax