На 01.12.2025 во 16:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од маж од Куманово и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки управуван од 14-годишник од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


