На 01.12.2025 година, во 11:30 часот, во СВР Скопје 64-годишен маж пријавил дека бил измамен за сума од 1300 евра од лице од Скопје. Според неговата пријава, во февруари 2022 година лицето му ветило дека ќе му помогне да добие социјална помош, но дека за тоа ќе мора да плати одреден паричен надомест. Пријавителот се согласил и му дал 300 евра.
По неколку месеци, добил решение дека барањето му е одбиено. По една година, истото лице повторно побарало пари, овој пат со образложение дека ќе помогне неговата сопруга да добие социјална помош, но дека за тоа треба да плати уште 1000 евра. Според пријавата, парите ги дал на женско лице, по упатство на измамникот.
Од тој момент, пријавителот не успеал да стапи во контакт со лицето, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


