На 01.12.2025 година во 11:20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници привеле четири лица на возраст од 19, 25, 22 и 25 години, сите од Пакистан, поради сомнение за илегален излез од државата.
При извршените проверки било констатирано дека тие оствариле влез во државата на 28.11.2025 година на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, но дека немаат евидентиран излез.
За случајот е известен јавен обвинител, а лицата се предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје. По целосно документирање ќе им биде поднесена соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


