На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен службеник во Министерството за економија, кој е во притвор и во чија ќелија биле пронајдени вкупно 13 мобилни телефони и лаптоп.
„Морам да ве предупредам дека ви следува самица и други казни“, рече судијката Груевска-Илиевска.
Обвинетиот Камбери се обиде да објасни дека и тој ги нашол 13-те мобилни и компјутерот во ќелијата, што судијката не го зеде предвид и уште еднаш му кажа дека мора да го предупреди.
Судењето продолжи со изјави за отштетни побарување од семејствата на загинатите и за повредените./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


