Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

Електродистрибуција инвестира 1,5 милиони евра во платформа за дигитално управување со работни налози

Field Service Management е чекор понатаму во дигиталната трансформација и нуди поголема ефикасност и контрола на дистрибутивната мрежа.

Скопје, 14.11.2025 – Електродистрибуција продолжува со инвестиции во дигитализација и автоматизација на дистрибутивната мрежа преку имплементација на платформата Field Service Management (FSM), што им овозможува на електромонтерите да ги примаат работните налози директно во дигитална форма.
За имплементација на оваа платформа досега се инвестирани 1 милион евра, а со неа се овозможува побрзо и поефикасно управување со дистрибутивната мрежа, како и повисоко ниво на контрола и оперативна автоматизација. FSM платформата овозможува интеграција со IoT технологии, што ќе овозможи мониторинг во реално време, предвидување на оптоварувања на мрежата и оптимизирано управување со распределбата на енергија.

Планираната дигитализација не запира тука. Планот е, до крајот на 2025, да бидат вложени дополнителни половина милион евра во најсовремена опрема за далечинско управување со големите трафостаници. Ова директно ќе ја зајакне контролата и автоматизацијата на дистрибутивната мрежа, овозможувајќи брзо реагирање и минимизирање на прекините во снабдувањето.

Овие инвестиции се дел од стратегијата на Електродистрибуција за модернизација на мрежата и следење на глобалните трендови во енергетскиот сектор.

error: Соддржината е заштитена.