Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Христовски: Ова не е борба за фотелји, ова е борба за душата на СДСМ и иднината на државата

Доскорешниот градоначалник на Крушево, Томе Христовски, на социјалните мрежи излезе со став за состојбите во неговата матична партија СДСМ.

Христовски вели дека СДСМ мора да биде сплотена партија, да обединува и да носи издржани решенија за проблемите.

„Ова не е борба за фотелји, ова е борба за душата на СДСМ и иднината на државата.
Нашата цел мора да биде јасна – СДСМ повторно да стане победничко движење, партија која обединува, која создава, која води напред. СДСМ мора, може и ќе биде движечка сила на промените – државотворна партија што ја носи Македонија во ново време.
Партија во која секој член ќе се чувствува слушнат, почитуван и вреден“ пишува Христовски.

Целта, додава тој, е едноставна, да го вратиме победничкиот дух, да ја промениме сликата во денешното и идното време каде СДСМ е фактор на стабилност и сигурност.

error: Соддржината е заштитена.