Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Полицијата приведе 19 годишна девојка поради питачење – таа била со своие две деца од четири и една година

На 11.11.2025 во периодот од 11:00 до 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со социјални работници од Центарот за социјални работи Тетово постапиле по планот за преземање мерки и активности за сузбивање на питачење.

Притоа, во 12:20 часот на кружен тек од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Илинденска“ во Тетово при питачење била затекната Н.Ф.(42) од Тетово, додека во 12:50 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово била затекната како питачи М.Д.(19) од Кочани, која била со своите две малолетни деца на возраст од четири и една година.

По целосно документирање на случајот тие се преземени од Центарот за социјални работи Тетово за понатамошна постапка.

error: Соддржината е заштитена.