Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН.
Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја објави одлуката на Телеграм. Функцијата привремено ја извршува заменик-министерот за правда задолжен за европски интеграции, Људмила Сугак.
Галушченко, кој претходно беше министер за енергетика, е под истрага, соопшти вчера неговото министерство. Не беше прецизирано дали тие се поврзани со истрагата за корупција во енергетскиот сектор што ја отвори Националната антикорупциска служба на Украина (НАБУ).
НАБУ и Специјалното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) објавија нови аудио снимки од разговори меѓу учесници во шема на измама од големи размери во „Енергоатом“ АД. Герман Галушченко е веројатно меѓу нив.
Шефот на главната детективска единица на НАБУ, Александар Абакумов, изјави дека, според истражителите, тој ја водел криминалната организација „Карлсон“, која ги контролирала активностите на таканаречената „перална“ – за средства добиени на криминален начин. Утрото на 10 ноември, детективите на НАБУ извршиле претреси во домот на бизнисменот и ко-сопственик на студиото „Квартал 95“, Тимур Миндич, бизнис-соработник на претседателот Володимир Зеленски./Извор:Makfax


