Зимската сезона во Австрија штотуку започна, а скијачките центри таму повторно се соочуваат со сериозен недостиг на работна сила. Угостителите низ целата земја се мачат да најдат келнери, готвачи и друг персонал, па сега бараат помош од странство.
Како што пишува австрискиот портал „Хојте“, сопствениците на хотели и ресторани предупредуваат дека речиси и да нема квалификувани работници од Австрија.
„Пред коронавирусот, не беше лесно да се најде стручен персонал од Австрија, но сега е уште потешко“, рече сопственикот на хотел во тиролскиот град Флис. Тој додаде дека многу работници ја смениле професијата за време на пандемијата, ја напуштиле угостителската индустрија и никогаш не се вратиле.
Затоа, вели тој, е принуден да бара келнери и келнерки од странство преку Австриската служба за вработување (AMS) за претстојната сезона, која трае од 18 декември 2025 година до 6 април 2026 година.
Од кандидатите се бара основно познавање на германскиот јазик, самостојна и посветена работа, пријателско однесување и по можност искуство во послужување храна и пијалоци.
Работодавачот нуди минимална плата од 2.200 евра бруто месечно, со можност за дополнителна исплата, како и бесплатен сместување и храна.
Иако има интерес, вели тој, „сè уште нема соодветни кандидати“.
„Досега, за жал, пристигнаа само несериозни апликации од Мароко“, заклучи австрискиот угостител.
Оваа статија има 443 прегледи


