Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Драматично на фронтот: Русите ја зголемуваат офанзивата — Украина возвраќа!

„Фронтот: најголемо внимание сега е насочено кон насоката Покровски и Запорожјето, каде што Русите го зголемуваат бројот и обемот на нападите. Ситуацијата таму е тешка, особено поради временските услови што ги фаворизираат нападите. Но, ние продолжуваме да го уништуваме окупаторот. И им се заблагодарувам на секоја од нашите единици, на секој војник кој е вклучен во заштитата на украинските позиции“, напиша Зеленски на Телеграм откако го слушна извештајот на Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски.

Според него, ситуацијата во Купјанск е „малку полесна“.

„Нашите војници имаат резултати, а ова е тренд веќе неколку недели“, додаде украинскиот претседател.

Тој изјави дека разговарал и со Сирски за подготовката на длабински напади – конкретни насоки и очекувани резултати.

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.