Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Десетици илјади луѓе им оддадоа почит на жртвите на железничката станица во Нови Сад

Десетици илјади луѓе се собраа во Нови Сад, Србија за да им оддадат почит на оние што загинаа кога се урна кровот на железничката станица пред точно една година.

Во 11:25 часот по локално време – моментот кога се случи инцидентот во вториот по големина град во Србија – учесниците на комеморативниот собир одржаа молк кој траеше 16 минути, по една минута за секоја од 16-те жртви.

Српските студенти – главните иницијатори на протестите кои бараат правда за одговорните за инцидентите нагласија дека ова е мирен собир и ги повикаа оние кои сакаат да се приклучат да дојдат без свирежи или транспаренти и да почитуваат тишина. Луѓето се собраа на сите главни патишта, плоштади, пазари, како и во студентскиот град.

Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мајка на момче кое пред година загина на железничката во Нови Сад најави штрајк со глад

C +

Вучиќ: Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија

C +

Годишнина од трагедијата во Нови Сад кога настрешницата на железничката станица падна и уби 16 лица

C +