Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почина Кире Ѓорѓиевски – беше осуден на 13 години затвор за настаните на “27-ми април”

Како што пишуваат медиумите, починал Кире Ѓоргиевски, еден од осудениците за настаните на 27-ми април 2017-та година.

Тој беше осуден на 13 години затвор, поради нанесување на најтешки удари на тогашниот пратеник Зијадин Села, кој беше крвнички претепан од страна на демонстрантите.

Пред извесно време почина и Игор Југ на млади години. Двајцата очекуваа слобода по промената на власта, по речиси осум години зад решетки, но слободата ниту тие, ниту многумина не ја видоа.

Пријателите и роднините на починатиот Кире се простуваат од него на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

C +

Од понеделник значителна промена на времето, се најавуваат обилни врнежи од дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Сообраќајка на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува

ДЕСК