Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Предложен притвор за недозволено држење муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за 37-годишник осомничен за – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 30 октомври, при претрес во автомобилот на осомничениот на улицата “Кемал Сејфула”, биле пронајдени 100 куршуми со калибар 7,62Х39мм, наменети за испалување од различни видови огнено оружје.

Притворот е предложен поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото што му се става на товар.

Можеби ќе ве интересира

ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Што нѐ чека до средината на следната недела?

ДЕСК

До 17 часот гласале 34,62 отсто од гласачите – најголема излезност има во Конче, а најмала во Сарај

ДЕСК

ПОЛА КРУШЕВО ИЗЛЕЗЕ НА ГЛАСАЊЕ, НАЈМАЛ ИНТЕРЕС ЗА ИЗБОРИТЕ ВО САРАЈ – До 15 часот 27.09 отсто излезност

ДЕСК