Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран ја смета одлуката на САД за продолжување на тестирањето на нуклеарно оружје за неодговорна

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги опиша плановите на Соединетите Американски Држави за продолжување на тестирањето на нуклеарно оружје како регресивни и неодговорни, објави агенцијата Франс Прес.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека издал наредба до Пентагон веднаш да продолжи со тестирањето на такво оружје.

„Насилник со нуклеарно оружје ги обновува тестирањата на атомско оружје. Истиот насилник ја демонизира мирноприродната нуклеарна програма на Иран“, рече иранскиот министер за надворешни работи во објава на социјалните мрежи како одговор.

Абас Арагчи, исто така, ја опиша одлуката како сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Украина уништи стратешки руски нафтовод

C +

Жена обвинета за спектакуларната кражба на накит од Лувр вреден 88 милиони евра

C +

Јужна Кореја бара помош од Кина за обновување на дијалогот со Северна Кореја

C +