Една мачка стана вирална откако се спријатели со огромен стаорец кој живее во градина, а кој првично требало да го улови.
Во видеото споделено на „Редит“ од сопственикот на миленичето, со корисничко име vladgrinch, може да се види мачката како гушка глодар во градината пред да продолжи да го мие и дотерува.
Објавата, која досега собра повеќе од 85.000 гласови и над 2.000 коментари, содржи и наслов кој ја објаснува ситуацијата: „Кога ќе земете мачка со надеж дека ќе ви помогне да се ослободите од голем стаорец во вашиот двор. ”
Повеќето корисници се забавуваа со пријателското однесување на мачката.
„Добра вест е дека не треба повеќе да се грижиш, заедно нашле стан“, „Лоша вест: тоа е твој стан и треба да се преселиш“, „Тој стаорец се капе против своја волја!“, „Тоа е екстремно негуван стаорец“, честитки за вашето ново милениче, „Оваа епизода од Том и Џери е чудна“, коментираа некои од расположените корисници.