2. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бројни социјални поволности за возрасните во Скопје – дел од програмата на Шилегов за следните 4 години

Пензионерите, лицата со попречености и лицата со ретки болести се само дел од категориите на граѓани кои ќе добијат бројни социјални поволности и бенефицирани услуги од страна на градот Скопје во следните четири години.

Според најавите, досегашната мерката за бесплатен јавен превоз за пензионерите во вторник и петок ќе биде проширена, со што повеќе од 85 илјади пензионери ќе можат да ја користат оваа поволност секојдневно. На овој начин, покрај намалување на градскиот сообраќаен метеж, градот Скопје директно ќе придонесе кон заштеда на семејниот буџет на оваа важна категорија граѓани, но уште поважно, ќе овозможи побезбедно патување имајќи ги предвид безбедносните мерки против Ковид-19, што директно ги засега повозрасните граѓани кои се ризична категорија.

Предвидените мерки кои ги презентираше градоначалникот Петре Шилегов се во насока на унапредување на социјалната грижа за ранливите категории на граѓани, заштита на нивното здравје и финансиски олеснувања со цел полесно и подобро функционирање и обезбедување повисок квалитет на живот. Анализирајќи ја ваквата мерка, се заклучува дека градот директно ќе влијае кон квалитетот на живот на сограѓаните и нивните семејни буџети.

Мерките за заштита и грижа за здравјето на граѓаните од трето доба и лицата со попречености ќе биде дополнително унапредени. Покрај досегашните олеснувања овозможени преку приспособување на инфраструктурата во градот, Град Скопје за нив ќе овозможи бесплатен, ефикасен и безбеден медицински транспорт до сите здравствени институции, со што ќе ги зголеми нивната самостојност и независно функционирање. Ова дополнително ќе се поддржи со новата мерка која предвидува и бесплатен јавен транспорт за лицата од овие категории, кои ќе можат полесно да ги извршуваат своите секојдневни обврски.

Оваа социјална поволност ќе биде достапна и за лицата со ретки болести како ранлива категорија, но и за лицата кои се нивна придружба при упатувањето до здравствените центри и институции за примање на својата редовна терапија. Со ова, Градот директно ќе придонесе за олеснување на нивните месечни издатоци.
Според градоначалникот Петре Шилегов, со ваквиот пакет мерки се обезбедува директна поддршка и се покажува грижа за граѓаните од сите категории, особено од оние кои се во повисок социјален или медицински ризик.