14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Време е ЕУ да го презеде водството од САД, изјави Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, изјави дека САД под водството на Доналд Трамп изненадувачки брутално отстапуваат од мултилатералните односи и пријателската соработка.

По одлуката на Трамп за повлекување од иранскиот нуклеарен договор, Јункер рече дека САД повеќе не сакаат да соработуваат со другите делови од светот, па затоа е време ЕУ да го презеде водството.

„Во моментот мора да ги замениме САД, кои како меѓународен актер ја изгубија силата, а поради тоа и нивното долгорочно влијание“, рече Јункер.

Вчера, американскиот претседател соопшти дека САД се повлекуваат од нуклеарниот договор со Иран и дека повторно ќе воведуваат санкции од највисок степен.

Спонзорирано: