12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вода и наноси од земја на патниот правец Валандово-Удово, сообраќајот се одвива со повремени прекини

Авто мото-сојузот на Македонија информира дека на патниот правец Р1105 Валандово-Удово пред клучката кај Калковска Река сообраќајот се одвива со повремени прекини.

Во соопштението на АМСМ се наведува дека прекинот е поради вода и наноси од земја на коловозот. Екипи на Јавното претпријатие „Македонијапат“ работат на расчистување на наносите и нормализирање на сообраќајот, додаваат од АМСМ.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови, постои можност и од појава на голомразица.

Спонзорирано: