8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Срна суспендиран на 17 месеци

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Хрватска, Дарио Срна, ја дозна казната за користење недозволени средства. Играчот на Шахтјор е суспендиран на 17 месеци.

Фудбалерот бил позитивен на тестот по натпреварот Шахтјор-Наполи на 22 март минатата година. Хрватот бил позитивен на дихедроепиандростерон. Срна ја признал вината, но нагласил дека оваа супстанца случајно се нашла во неговиот организам.

Националниот антидопинг центар на Украина во соопштението објави дека Срна е суспендиран на 22 март 2017 година и дека на фудбалот ќе може да му се врати на 22 август оваа година.

Дарио Срна во Шахтјор е од 2003 година и е апсолутен рекордер според бројот на одиграни натпревари за клубот.