18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Шведска салата од компири: Веќе нема ни да помислите на руска

Најубавото ладно предјадење кое можете да го направите…

Состојки за салата: 1,2 кг излупени компири, 6 ситно сечкани кисели краставички, 1 главица ситно сечкан кромид, 1 лажичка мускатно оревче, 1/4 лажичка кари, 8 крупно сечкани варени јајца

Состојки за домашен мајонез:

1 жолчка, 1,5 шолја масло, 1 лажица оцет измешана со 150 мл вода, сол, бибер

Начин на подготовка:

За мајонезот измешајте жолчка со лажица масло и оцет со вода. Се меша непрекинато, при што се додава по лажица масло и оцет со вода. Се продолжува со тој ред додека не се потрошат состојките. Никако не ставајте сè одеднаш. На крај зачинете со сол и бибер.

Компирите згответе ги околу 20 минути и оставете ги да се изладат. Додајте кисели краставички, кромид, мускатно оревче и кари, а потоа и мајонез. Добро измешајте и оставете да отстои во фрижидер барем на еден час.

Добар апетит!

Спонзорирано: