10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полиција ги чува храбрите пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа ЗА напредокот на Македонија – имаат ли закани?

Дел од пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои во петокот гласаа ЗА и го поддржаа спроведувањето на Преспанскиот договор во Парламентот се соочуваат со закани на социјалните мрежи, на што полицијата реагира брзо, дознава Centar.mk.

Полицијата веќе поднела кривична пријава против едно лице, а работи и на други случаи за закани упатени преку социјалните мрежи.

Неофицијално од МВР дознаваме дека под полициска заштита се не само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласа спротивно на партискиот став поради што и беа исклучени, туку и пратеници од владејачкото мнозинство.

На прашање од Centar.mk до портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на ваквите информации ни одговори

– Се преземаат соодветни мерки за гарантирање на безбедноста. МВР ја гарантира безбедноста на сите граѓани и секако на пратениците, рече Ангеловски за Centar.mk.

Спонзорирано: