11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Медарот Мицкоски потврди дека нема врска од енергетика, најслабиот директор на ЕЛЕМ, вели СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Медарот Христијан Мицкоски потврди дека нема врска од енергетика, впрочем како најслаб директор на ЕЛЕМ тоа граѓаните и многи добро го знаат.

За време кога Мицкоски беше советник на Груевски а потоа и директор на ЕСМ, без никаква криза струјата поскапе за 100%.

Исто така ниту една електрана, ниту еден стратешки објект за производство на струја во земјава не е изграен додека Мицкоски беше советник и директор на ЕЛЕМ.

Ама затоа Мицкоски си игради хидроцентрали за себе, за да ги полни своите џебови, а за граѓаните не направи ништо.

За разлика од криминалното време на ВМРО-ДПМНЕ, во последните години ЕСМ изгради фотонапонска електрана во Осломеј од 10MW и ja интегрира гасната електрана Когел од 30MW. Значи ЕСМ за три години стави дополнителни 40MW во системот.

Во моментов се градат уште електрани, и сончеви, се шири ветерниот парк, и во постапка е Чебрен. Овозможивме со законот за енергетика да се градат приватни електрани од обновливи извори, тоа е исто така домашна струја во системот.

Државата субвенционира 80% од сметките за струја за граѓаните и 72.000 фирми, Ковачевски ги покачи пензиите за сите 330.000 пензионери, ја зголеми минималната плата, реализира антикризен пакет вреден 700 милиони евра за помош на граѓаните и фирмите во време на криза.

Мицкоски може да учи од Ковачевски што значи одговорно работење во енергетиката и што е вистинска грижа за граѓаните во услови на глобална енергетска криза.

Рацете во медот, тендери и провизии, Мицкоски само за тоа се интересира, затоа и ништо не направил во сферата на енергетиката, ниту за граѓаните.

Спонзорирано: