13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Манекенка почина по липосукција на коленото, се огласи и Нејмар: „Господ да ја прифати мојата пријателка“

Бразилската инфлуенсерка Луана Андраде (29) почина откако беше подложена на липосукција на коленото во болница во Сао Паоло.

По компликациите кои настанале при естетската процедура, таа доживеала четири срцеви удари, а срцето и застанало приближно два и пол часа по операцијата.

Лекарите ја прекинале процедурата за отстранување на салото, ја оживеале и ја префрлиле на одделението за интензивна нега, каде и била подложена на хемодинамска терапија, но немало шанси да се спаси.

Медицинската истрага покажала дека инфлуенсерот страдал од белодробна емболија, која била поврзана со масивна тромбоза.

Процедурата ја извршиле приватен лекар и анестезиолог ангажирани од нејзиното семејство, се наведува во соопштението на болницата, а пренесува Дејли мејл.

Момчето на Луана, Жоао Хадад, напиша на Инстаграм:

„Ова е најлошиот кошмар, јас сум скршен. Еден дел од мене го нема… Љубов моја, принцезо, ти беше мојата светлина. Те молам да продолжиш да чуваш над мене и сите нас одозгора… Секогаш ќе те сакам, од сега до вечноста“.

Од инфлуенсерката на социјалните мрежи се прости и бразилскиот фудбалер Нејмар.

„Тажен ден… Почина мојот пријател… Сочувство до целото семејство, Господ да ја прими Луана со раширени раце“, напиша Бразилецот.

Андраде беше сопственичка на модниот бренд Луканд, а работеше и како сценски асистент. Минатата година таа се појави и во реалното шоу „Power Couple Brasil 6“.

Бразилскиот сурфер Габриел Медина ги обвини социјалните мрежи и нивното искривено прикажување на совршените женски тела за смртта на Луана.

„Изгубив пријател поради „едноставна“ козметичка процедура. Светот е надреален, луѓе…, особено вие жените… Овој стандард на „совршени“ тела што се рекламираат на Инстаграм треба итно да се прекине. Ризикување на вашиот живот за ништо?

Спонзорирано: