20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) 1000 години Бигорски манастир

Во недела, на 18 октомври 2020, ќе се одржи главната и централна прослава на великиот јубилеј: 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

За таа цел е промовиран видео спот „1000 години Бигорски манастир“, специјално подготвен за милениумскиот јубилеј од страна на продукциската куќа „Дрим фектори“.

На 18 октомври 2020, со почеток во 9:00 ч., ќе започне со Божествена архијерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА, а по завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен Архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски.

Од страна, пак, на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за илјадалетието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Со цел запазување на мерките за здравствена заштита, целата програма на 18 октомври, вклучително и Светата Богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на Манастирот, каде ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и видео-екран. На неколку места ќе има пунктови за дезинфекција, а носењето маски и одржувањето на потребното растојание, ќе бидат задолжителни. За доследно запазување на споменатите мерки ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на редари.

Пред нас е историски, милениумски јубилеј на Свештениот Бигорски Манастир, којшто цели десет века е сенароден светилник кој го покажува патот кон возвишеното, светото, благородното, патот кон вистината и спасението.

За целиот наш народ кој искрено се радува на овој многу голем јубилеј за Православието и за нашата земја, ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, како и на фејсбук страницата и на јутјуб каналот на Бигорскиот манастир.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Заев: Бигорскиот манастир, ден денес е еден од најсилните врутоци на духовноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

CENTAR MKD

Одликување на Бигорскиoт манастир „Свети Јован Крстител“ со Орден за заслуги за Република Северна Македонија

CENTAR MKD