8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пет години затвор за жена која се криела со синовите во битка за старателство

Шпанскиот суд осуди на пет години затвор жена која ги криела своите два сина од нивниот татко, кого го обвинила за злоупотреба, објави Би-би-си.

Судот исто така ја лиши Хуана Ривас од правата за старателство над децата шест години и ѝ нареди да плати големи законски трошоци.

Таа ги зела момчињата од семејниот дом во Италија во 2016 година и отпатувала во Шпанија под изговор дека ќе го посети семејството. Наместо да се врати, таа поднела тужба во Шпанија, наведувајќи ја домашната злоупотреба, а подоцна се спротивставила на наредбите на шпанските судови да ги врати момчињата на нивниот татко. Таа на крајот сама им се предала на властите, а децата се наоѓаат со нивниот татко.

„Жената која бега од терор за да ги заштити своите деца не може да се смета виновна за киднапирање”, Ривас рекла пред судот.

Шпанските политичари и женските групи ја критикуваа пресудата.

Долготрајната старателска битка за момчињата, кои сега се на возраст од 12 и четири години, стана клучна точка во шпанската борба против родовото насилство.