9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанските служби спасија 450 мигранти

Шпанската крајбрежна спасувачка служба соопшти дека нејзините припадници денеска спасиле 450 лица што се обиделе од северна Африка да пристигнат во Европа.

Соопштено е дека меѓу нив 294 мигранти пловеле со 17 брода, но бројот би можел да биде и многу поголем бидејќи уште се трага по два брода.

Недалеку од првите, од три брода биле извлечени 156 мигранти вклучувајќи 30 жени и шест деца.

Агенцијата на Обединетите нации за миграција наведе дека од почетокот на годината во Шпанија стигнале повеќе од 18.000 мигранти.

Спонзорирано: