(Видео) Пратениците на ДПМНЕ лупаат по масите – што се случува во Македонското собрание

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, неколку минути го убедуваше собранискиот спикер Талат Џафери да добие збор процедурално на седницата на која на дневен ред е предлог-законот на Владата за измени во Изборниот законик.

Но, Џафери одби да му даде збор со образложение дека тој повеќе не е координатор на пратеничката група. По ова, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ почнаа да довикуваат и да тропаат на масите.

Собранискиот спикер продолжи со работа кога Собранието ја изгласа потребата од носење на измените на Изборниот законик по скратена постапка.

Претходно, заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, ја образложи потребата за измена на Изборниот законик образложувајќи пред пратениците дека се работи за измена на членот 27 со цел да се деблокира процесот за избор на ДИК.

„Определени закони бараат двотретинско мнозинство, како изборот на ДИК. Сепак, ваквото решение не смее да се претвори во спротивност, опозицијата да блокира. Венециската комисија го опфаќа и овој проблем. Владата предлага измени да се избрише двотретинското и да влезе во сила на денот на објавувањето во ‘Службен весник’ по скратена постапка“, рече Ристовски.

Предлогот што Владата го достави до Собранието за измени на Изборниот законик е со европско знаменце, а во образложението се наведува дека целта е да се деблокира процесот за избор на ДИК. Од Владата бараат измените на Изборниот законик да се гласаат по скратена постапка, но опозицијата не се согласува со овој предлог.

„Демонстрирате неразумно политичко однесување. ВМРО-ДПМНЕ учествуваше во реформските закони и гласаше затоа што не се водеше од партискиот интерес, туку од оној на граѓаните“, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.(Макфакс)

Во тренд…