Ципрас изгуби на суд по тужбата против полицијата

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, изгуби во судската постапка во која ја тужеше полицијата поради растурање на антивладините демонстрации во Атина во јули 2011 година, во кои учествуваше како претседател на тогаш опозиционата СИРИЗА.

Врховниот суд одлучи дека нема основа да се прифати ставот на Ципрас дека единицата на интервентнта полиција се однесувала криминално, дека полицајците ја злоупотребиле службената положба и дека со своите акции со употреба на солзавец и шок-бомби предизивикале тешки повреди на демонстрантите на кои одбиле да им помогнат.

Судењето почна шест години по поднесување на тужбата, во 2017 година, а заврши по 14 одржани рочишта.

Во тренд…